недела , 22 октомври 2017
srednokosli-plenum

„Средношколски пленум“ повика на јавен собир на 1 септември

srednokosli-plenumПовик до сите граѓани, за јавен собир, во паркот на новинарите, наспроти Министерството за образование на 1 септември во 18 часот упатија членовите на „Средношколски пленум“.

Пленумци велат дека повторно се враќаат да ја извојуваат битката која што ја започнаа минатата година.

„Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел на 1 септември во 18 часот, ве повикуваме на јавен собир во Паркот на Новинари кој ќе биде проследен со алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавена наскоро. Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога“, велат од Пленумот.

Средношколците бараат во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …