сабота , 21 октомври 2017
srednoskolci avtonomna3

Средношколците во септември нема да учат по Кембриџ

Министерството за образование и наука, ја известува јавноста, дека на седницата на Владата на Република Македонија одржана на 04 јули, 2017 година, согласно претходните најави, беше донесена одлука со која Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта.

Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитно-образовниот процес во земјата. Воведувањето на нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа меѓу другото значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија.

Заради временскиот теснец да се обезбедат овие стандарди и заради избегнување на несакани ситуации во средното образование, Владата донесе одлука да го одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 година, со што се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.