понеделник , 23 октомври 2017
sreka1

„Среќа“ им го разубави почетокот на учебната година на 210 дечиња

Преку проектот „Среќа“, успешен почеток на учебната година, со донации од компании, здруженија и физички лица, се обезбедени комплетни или делумни училишни прибори за 210 дечиња во социјален ризик.
– Донациите се делеа според потребите на конкретното дете, во зависност од неговата возраст. На голем дел од донациите дури се потрудивме да стои и името на детето за кое е наменета донацијата.

Им благодариме на сите добри луѓе, компании и здруженија што ни помогнаа и овој проект да биде толку успешен и ги мотивираме другите да се вклучат во сите проекти што следуваат, а кои ние ги подготвуваме за вас. Затоа што секој заслужува момент на среќа – вели Кристина Арнаудова, која го иницира и успешно го реализира проектот „Среќа“, кој досега насмеа многу детски лица.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …