вторник , 26 септември 2017
mijalkov (1)

Српски „Ало“: Пиштол „Берета“, но и хирушки ракавици и екстра муниција во торбата на Мијалков

mijalkov (1)
Кај Сашо Мијалков кој минатата недела беше уапсен на аеродромот во Белград, освен пиштол „Берета“, пронајдени се и хируршки ракавици и екстра кутија со муниција, што укажува на тоа дека не ја кажувал вистината кога на српската полиција и рекол дека оружјето „случајно“ го заборавил во рачниот багаж, пишува српски „Ало“.

Мијалков, кој до неодамна беше на чело на УБК, бил ослободен по силна интервенција од врвот на македонската влада, пишува „Ало“ повикувајќи се на добро информирани извори.

– Министерството за внатрешни работи на Македонија молеше Мијалков да биде пуштен веднаш без дополнителни прашања и проверки. Српските колеги беа подготвени да им излезат во пресрет, но се вмешало српското обвинителство, кое не дозволило тоа да се случи без процедурите предвидени во такви случаи. По кратото задржување, сепак, му било овозможено да го продолжи својот пат – изјавил изворот на српски „Ало“.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …