недела , 22 октомври 2017
marjan dokaz

Стаменковски: МВР пробува да се испере од нападот врз мене, најдоа жртвено јагне

marjan dokaz
Провладиниот весник „Дневник“ објави дека е уапсен напаѓачот што го претепа сопственикот на порталот „Доказ“.

„Скопјанецот И.М.(28) е осомничен дека го претепал сопственикот на порталот „Доказ“, Маријан Стаменковски, пред еден месец, во центарот на Скопје, соопшти МВР. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за насилство“, пишува Вест.

Стаменковски во текст на својот портал забележува дека е интересно што текстот е објавен на истиот ден кога бил повикан кај јавниот обвинител задолжен за неговиот случај, Ненад Савески.

„Истиот ме извести дека ден порано го повикал да даде исказ и наведеното лице за кое провладините трубадури тврдат дека е уапсен и дека е извршител на повеќе кривични дела. Ама дека не е уапсен. Тоа исто лице јас го препознав во ПС Пролет како еден од петте напаѓачи и истото, замислете, одма го пуштија а еден негов пријател водач на навивачката група пирати од Автокоманда извесен Дејан им се закануваше на членови од моето потесно семејство истиот ден дека ако не го повлечам тврдењето дека тој ме нападнал ќе си имам проблем со целата навивачка група инаку верни слуги на Сашо Мијалков и на неговиот бодигард Ален Зекиров“, пишува Стаменковски.

Тој поставува неколку прашања до МВР, но и до провладините медиуми како Инфомакс, Република, Дневник и Сител.

1, Како тоа само еден нели на камерата се гледаат тројца? Зошто не ги приведовте другите иако ви се обезбедени кои лица се?

2. Кој е мотивот да ме нападнат, кој им наредил? Нели било за долг? А испаѓа дека наведениот И.М. е верен слуга на Мијалков?

3. Кој ги донел до местото на нападот, знаеме дека три дена ме следеле кај одам и кај е најлесно да ме истепаат, дали припадници на МВР ме следеле мене и мојот мобилен телефон?

4. Кој е мотивот да ме нападнат припадници на навивачка група за која до пред нападот не сум ни знаел дека постојат и никогаш не сум напишал ништо за нивната работа?

5. До кога јавниот обвинител ќе глуми тужител спрема мене. Глумата му паѓа во вода примен е како обвинител 2009 година донесен од Гостивар во Скопје да извршува за партијата на власт.

Зошто дневник не ја објави оваа слика туку стара слика каде не сум повреден?

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“, пишува Марјан Стаменковски на „Доказ“.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …