среда , 28 јуни 2017
juventus-vs-lazio-serie-a-partido-y-resultado-en-directo

Статистиката не лаже: Податок кој покажува колку Јувентус е доминантен во Лигата на шампионите

„Старата дама“ изгледа непобедливо во годинешното издание од Лигата на шампионите.

Јувентус вчера направи огромен чекор кон своето 9-то финале во Лигата на шампионите. Монако практично има невозможна задача во Торино да надополни негатива од 2:0 од првиот натпревар, а уште еднаш се покажа дека Масимилијано Алегри, како и неговите претходници, состави фантастична одбрана на чело со легендарниот Џиџи Буфон.

Буфон ниту вчера не прими гол, па така Јувентус на сите пет досегашни натпревари од нокаут фазата заврши со „чиста мрежа“. Тука треба да се додаде и натпреварот од 6. коло од групната фаза против Динамо Загреб, па низата дополнително се продолжува, а бројот на минути без примен гол моментално изнесува 623. Последен кој успеал да го совлада Буфон беше Николас Парехо кој во 9. минута од натпреварот помеѓу Севиља и Јувентус ја доведе својата екипа во водство.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …