среда , 23 август 2017
dcesnjadz-1

Ставени во функција 15 специјални комби возила за ЕБР

Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи доби 15 нови специјални комби возила. На промоцијата и ставањето во функција на возилата денеска во касарната „Ѓорче Петров“ присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Со ова се зголемува ефикасноста на Единицата и е добро за безбедноста на граѓаните. Само со добро опремени и мотивирани полицајци ние можеме да имаме безбедна држава. Возилата се димензионирани за транспорт на специјалните единици и така нарачани да ги остварат очекувањата и потребите на специјалната единица, рече Спасовски.

Посочи дека договорот предвидува и набавка на друга опрема, како и дека во тек се постапки за набавка на униформи и обувки за полицајците, со цел подобрување на условите за работа на македонската полиција.

На новинарско прашање за наводните незаконски смени во МВР, Спасовски рече дека се направени проверки и не постои воопшто таков случај и дека сите поместувања во рамки на Министерството се прават законски.

Прашан до каде е истрагата за осквернувањето на гробиштата во Љуботен, Спасовски одговори дека СВР Скопје и Јавното обвинителство работат на расчистување на случајот, но сите дејствија во предистражна постапка се тајни.

Во однос на барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за одобрување на повеќе телохранители, Спасовски рече дека добил барање за дополнителни 20 луѓе и тоа барање е процесуирано од Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Ние, како што додаде ќе добиеме стручни информации во однос на ова барање, па врз основа на тоа ќе го дадеме одговорот.

Прашан дали ќе почне со истражување на случаите за напади од страна на обезбедувањето на некој висок функционер, Спасовски рече дека веќе се преземени сериозни и дисциплински мерки кон полициски службеници.

На новинарско прашање за тоа дали имаат полициско обезбедување Мијалков и Чавков, Спасовски рече дека имаат решение за полициско обезбедување од четири, односно шест полициски службеници во времетраење направено врз основа на проценките направени од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Прашан што ќе се преземе во однос на донесените решенија за притвор на тројца службеници од страна на судот, Спасовски рече дека МВР е подготвено да делува врз основа на одлуките на судовите 24 часа и кога ќе добијат одлука сигурно ќе постапи во однос на нив.

Во однос на посетата на Прибе, Спасовски рече дека Прибе и неговата експертска група имаат сериозни забелешки и насоки за реформите во Македонија и дека МВР заслужува сериозни и длабоки реформи и ќе постапат по тие забелешки.

Прашан кој ќе биде координатор на Националниот проект за безбедносни реформи, Спасовски рече дека се во фаза кога МВР и Владата ќе треба да го одберат моделот на реформата и партнер што ќе ја следи, а врз основа на тоа ќе бидат донесени и кадровските решенија.

Одговарајќи на прашањето во однос на зголемениот број грабежи, Спасовски рече дека синоќа е приведено едно лице и се работина расчистување на околу десетина разбојништва низ аптеки во Скопје, како и на други случаи.

Слични написи

sugareski

Сугарески : Преку ЕУ обезбедени се пари за изградба на експресниот пат делница Дреново-Градско

Со средства од ИПА, во рамки на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 обезбедени се …