вторник , 26 септември 2017
department-of-state

Стејт департмент: Партиите не треба да ја блокираат работата на Јанева

department-of-stateАмериканскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација, пренесе МЕТА.

– Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15 јули, кој, всушност, претставува најдобар начин за излез од кризата и за отворање пат за кредибилни избори во април идната година – изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, додавајќи дека партиите ги пробиле роковите за постигнување договор за законот за владата, за заштита на свиркачите и за заштита на приватноста.

Кирби рече дека македонските лидери минатиот месец направиле важен чекор со назначувањето на специјалниот јавен обвинител, но неопходно е да ѝ се обезбедат неопходните ресурси и персонал за да го исполни мандатот.

– Политичките партии не треба да влијаат или да ја блокираат работата на специјалниот обвинител – рече Кирби.

Стејт департментот, исто така, изрази надеж дека работните групи на политичките партии ќе ги продолжат разговорите, дека на прво место ќе ги стават државните пред сопствените интереси и оти ќе ја реафирмираат посветеноста на Македонија кон евроатлантските интеграции.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …