понеделник , 23 октомври 2017
132763878

Стотина сириски бегалци почнаа да се качуваат на бродот на грчкиот остров Кос

132763878Стотина сириски бегалци утрово на грчкиот остров Кос почнаа да се качуваат на патничкиот брод „Елефтериос Венизелос“, што властите го одредија за нивно сместување, во обид да ги ублажат често хаотичните услови на копно, јави Танјуг.

Грчките власти за повеќе од еден ден го одложија качувањето на бегалците на бродот укотвен во пристаништето на Кос, работејќи за тоа време на планот да ги избегнат нередите меѓу се поочајните бегалци, кои пристигнаа на гумени и мали дрвени чамци од Турција.

Качувањето на траектот, што на островот Кос доплови во петокот, почна утрово пред разденување, додека температурите не се толку високи, без никакви проблеми или метеж.

На бродот, кој го изнајми грчката влада, ќе биде обезбедено сместување за околу 2.500 Сиријци, кои ќе бидат распоредени во кабини, додека една поголема просторија е резервирана за процесуирање документација.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …