недела , 20 август 2017
nikola kukavica

Стратегија на кукавицата

Демагогијата на Груевски и една група околу него, е резултат на долгогодишна политика, идентична со стратегијата на кукавицата: да не подметнува свој грб, но да подметнува свои игри во гнездата каде се раѓа демократија.

Се покажа како завршуваат повиците на Груевски за одбрана на Македонија.

Човекот кој им порача на граѓаните дека „се во заблуда ако веруваат дека друг ќе им им ја заврши работата додека тие седат дома во влечки и гледаат телевизија“, токму тој, седи дома во влечки пред телевизорот. А што друго и би правел, освен да слуша колкава е бурата од злите ветрови што тој ги посеа во изминатите денови. Да слушне чија новинарска екипа завршила со повреди во клиничкиот Ургентен центар, колку штабови на СДСМ се искршени, колку малолетници се пресметале по автобуски станици, колку домови се украсени со навредливи пораки, колку луѓе се исплукани и кој од неговите партиски послушници на протестите најгласно се истакнале во сеењето националистички магли и митови.

И по сето тоа, ВМРО-ДПМНЕ крајно лицемерно ќе го осуди нападот врз екипата на интернет порталот „А1 он“, со тоа што вината ќе ја насочи кон СДСМ, порачувајќи му дека „народот се буди“ и не прифаќа платформи за редефинирање на државата.

Таа демагогија на Груевски и една група околу него, е резултат на долгогодишна политика, идентична со стратегијата на кукавицата: за ништо да не подметнува свој грб, но редовно да подметнува свои игри во сите општествени гнезда каде се раѓа демократијата.

Сака изборно да победува, но без да ги почитува правилата на демократска игра. Сака да се прикаже како силен, ама на други им нарачува „да му врзат јаки шамари“ на опонентот. Сака да остане на власт, ама други „самоиницијативно“ да се тепаат по улици за неговиот личен интерес, откако ќе им наложи да ги остават домашните влечки и да влезат во војнички чизми. Бидејќи сака да се претстави како чесен, други мора да ставаат потпис на нарачката за неговиот најскап „мерцедес“. Кога сака да се спаси од соочување со правдата, другите ги хушка со манипулации дека е нападната татковината.

Клептопаразитизам – тоа е името на стратегијата на обичната кукавица (Cuculus canorus). Таа е симбол за некарактерност, подлост, лишеност од каква било храброст и чесност, а нејзиниот главен modus operandi е да паразитира и подметнува, за други да ѝ ги вршат работите.

Неговите кукавички јајца имаат разни имиња – од „Веритас“, преку СОС и „Тврдокорни“ до Граѓанска иницијатива за заедничка Македонија. Каква е таа заедничка Македонија, и како може да се изгради, ако медиумите се третираат со боксови во глава, ако цела една етничка заедница навредливо се генерализира како „клети Шиптари“, ако други се етикетираат како „предавници“, ако трети се изложени на континуирана хајка како „соросоиди“, и ако клептопаразитизмот лажно се маскира во спасувачки државнички елемент, ширејќи лаги за загрозена унитарност на државата.

Познато е дека птицата што ќе се испили од кукавичко јајце подметнато во туѓо гнездо, ги турка другите за да остане сама и повластена во гнездото. Родителите несвесни за измамата го хранат токму натрапникот кој ги оставил без нивното вистинско потомство. На такво гнездо денес наликува Македонија, соочена со обидот на натрапникот да ја уништи можноста за здрави, демократски генерации, преку подметнување свои клиентелистичко-националиститички егземплари како симбол на „вистинскиот народ“.

Прочитајте во целост ТУКА.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …