петок , 18 август 2017
новинари страз

Стразбур пресуди во корист на новинарите кои беа исфрлени од Собрание на “Црниот понеделник”

Европскиот суд за човековите права донесе пресуда во врска со случајот на новинарите кои беа физички отстранети од собраниското обезбедување на седницата за носењето на Буџетот во 2012 година. Во овој предмет постои повреда на членот 10 и членот 6 од Европската конвенција за човековите права, пресуди Судот во Стразбур.

Како што образложува Судот во Стразбур, новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски се жалеле пред ЕСЧП за нивното насилно отстранување од собраниската галерија, од која како акредитирани новинари ја следеле дебатата за носењето на Буџетот на 24 декември 2012 година.

Со ваквиот чин, навеле новинарите во жалбата до ЕСЧП, повредени се членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права кој се однесува на слободата на изразување, како и членот 6  кој се однесува на правото на фер судење и сослушување, во конкретниот случај правото на сослушување пред Уставниот суд.

Носењето на Буџетот, образложува ЕСЧП, беше проследено со тензија помеѓу власта и опозицијата. Атмосферата на оваа седница, истакнува ЕСЧП, кулминираше откако опозициски пратеници го опкружија претседателот на Собранието, кој му нареди на обезбедувањето да го осигури редот во законодавниот дом. Следејќи ја наредбата, обезбедувањето од собраниската сала ги отстрани опозициските пратеници, но и новинарите од собраниската галерија, вклучувајќи ги и новинарите жалители во Стразбур.

Овие новинари одбиле да си одат од собраниската галерија, нагласувајќи декајавноста има право да знае што се случува во Собранието. Тие негирале дека биле информирани дека нивното отстранување од собраниската галерија е поради безбедносни причини и нивна заштита.

Сметајќи дека со ваквиот чин на насилното исфрлање на новинарите од галеријата на собраниската сала била сторена повреда на слободата на изразување, гарантирана со членот 16 од Уставот и со членот 10 од Европската конвенција за човекови права, Здружението на новинарите, застапувано од Насер Селмани во својство на претседател на Здружението и новинарите Наташа Стојановска од Скопје, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, до Уставниот суд поднеле барање за заштита на слободите и правата на новинарите.

Во барањето се наведува дека правото на примање и пренесување на информации е интегрален дел од слободата на изразување и правото на јавно информирање го опфаќало и правото на медиумите непречено да ја извршуваат својата дејност и да ја информираат јавноста. Во барањето се цитираат ставовите на Европскиот суд за човекови права во врска со членот 10 од Конвенцијата (случаи Sunday Times v. U.K, Lingens v. Austria, News Verlags GmbH & Co. KG v. Austria) за улогата на медиумите во демократското општество.

„Ограничувањата на слободата на изразување мора да бидат пропишани со закон, да се неопходни во едно демократско општество, да имаат за цел заштита на точно определени вредности“, се наведува во барањето до Уставниот суд.

Прочиајте повеќе на АКАДЕМИК.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …