понеделник , 25 септември 2017
stroskanbesen

Строс-Кан обвинет за измама од поранешен македонски банкар

stroskanbesenОбвинителството во Париз отворило прелиминарна истрага против Доминик Строс-Кан за измама и злоупотреба на општествени добра, во случајов со неговото претпријатие за инвестиции ЛСК со седиште во Луксембург, кое банкротирало. Тужбата против поранешниот директор на ММФ и поранешен министер во Владата на Франција, како што објави денеска францускиот јавен радио канал Франс Интер, е поднесена од еден поранешен македонски банкар,

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, Строс-Кан поседувал 15 проценти од претпријатието ЛСК со посредство на едно друго претпријатие Парнас интернасионал. Против него претходно била поднесена тужба  и од еден од поранешните акционери на ЛСК, Жан-Франсоа От, директор на фирмата за недвижности од Луксембург Орко Прпорети Груп, која загубила 500.000 евра инвестирани во групата на Доминик Строс-Кан.

ЛСК, односно Доминик Строс-Кан сакал да го направи во Фонд за шпекулации со 2 милијарди евра (1,5 милијарди евра), но фирмата  пријавила банкрот во ноември 2014, неколку недели по самоубиството во Тел Авив на нејзиниот основач и раководител Тјери Лејн. Загубите од 100 милиони евра сега се бараат од 156 доверителите од повеќе земји.

Доминик Строс-Кан го напушти претседателството на ЛСК неколку дена пред банкротот на фондот. Тој притоа објасни дека Тјери Лејн се впуштил во „стратегија на претерани позајмицим и дека најверојатно ги изгубил инвестициите и дека никогаш не бил платен“. Според Франс Интер, адвокатот на Доминик Строс-Кан, Жан Веил, тврди дека неговиот клиент немаше „операционална улога“ во улога и дека и самиот бил измамен во оваа афера.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …