петок , 22 септември 2017
shamari sudija

Судијката Михајлова не дозволи да се соочат Груевски и Жерновски

Судијката Татјана Михајлова повторно го одложи судењeто за случајот „Шамари“ во Центар и не дозволи да се соочат обвинетиот Никола Груевски и оштетениот Андреј Жерносвки.

Михајлова судењето го закажа за 28 јуни, со образложени дека тројца од обвинетите не биле пристутни. Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски побара од Михајлова да ги даде снимките од првото рочиште на Обвинителството, нешто што СЈО го бара веќе подолго време, по што судијката кажа дека таа камера не била стенограм, туку била за потребите на Судот и не можела да ги даде никаде.

СЈО побара притвор за тројцата кој не беа присутни на судењето, а одбраната рече дека дел од нив биле оправдано отсутни, а било можно и останатите да бидат оправдано отсутни.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …