среда , 26 јули 2017
sjo-32

Судот го прифати обвинението за „Транспортер“ на СЈО

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека е прифатен обвинителниот акт од Специјалното јавно обвинителство за предметот „Транспортер“ и оти ќе биде закажан термин за почеток на судењето што ќе го води судијката Лидија Петровска.

„Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер“, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт“, се наведува во соопштението од Судот.

Откако обвинителниот акт, согласно АКМИС – електронскиот систем, е распореден на судија Лидија Петровска за понатамошно постапување во судечки совет, ќе биде закажан термин за одржување на главна расправа за што странките ќе бидат известени, а јавноста ќе биде благовремено информирана.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …