среда , 23 август 2017
приведен жабата

Судот одреди мерка притвор за четворица од насилниците во Собранието

Судија на претходна постапка во Основниот суд Скoпје 1 Скопје, им одреди притвор на четири лица кои учествуваа во инцидентите во Собранието на 27 април.

Мерката притвор е во траење од осум дена со оглед на тоа што, по барање на Обвинителството се работи за скратена постапка и во ваков случај не може да се одреди подолг притвор. Од вкупно седум лица кои беа приведени од полицијата, на едно лице му е одредена мерка куќен притвор, а на останатите две мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на местото во кое живеат, како и обврска повремено да се јавуваат на овластено службено лице во Судот.

ОЈО побара од МВР да бидат приведени вкупно 15 лица, кои се сомничат дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Слични написи

sugareski

Сугарески : Преку ЕУ обезбедени се пари за изградба на експресниот пат делница Дреново-Градско

Со средства од ИПА, во рамки на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 обезбедени се …