недела , 22 октомври 2017
monstrum-obvineti_1

Судскиот совет ќе расправа зошто затворите не ги почитуваат наредбите на судиите да ги спроведат осудените лица

На седницата на Судскиот совет закажана за следната седмица на 4 октомври, членовите на ова тело ќе расправаат за информацијата дека затворите не ги почитуваат наредбите на судите за спроведување на осудениците на закажаните расправи и судски рочишта. Станува збор за четвртата точка од дневниот ред на 264 седница, која се однеусва на „разгледување на состојбата во судовите во врска со непостапувањето на Казнено-поправните установи по наредбите на судиите за спроведување на осудените лица на закажаните расправи“. Последен таков е пример е за предметот „Монструм“, кога Врховниот суд по четврти пат ја одложи јавната седница токму поради тоа што штипскиот затвор не спроведе обвинет од притвор во судница.  Во мај, Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, обвинет за насилствата во Собранието од 27 април, кој беше во куќен притвор, не беше спроведен во судот.

На седницата на Судскиот совет треба да бидат разгледани мислења од Државната комисија за спречување на корупција, како и алармантната состојбата со недостиг на судии-поротници во судовите во Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …