среда , 23 август 2017
IMG_20170605_115322

Сугарески: Ќе се разгледаат законските можности за решавање на состојбите во МЖ

Во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за настанатите ситуации во Македонски железници каде од изутрина машинскиот персонал почна протест со прекин на работните обврски.

Тоа, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, го најавил ресорниот министер Горан Сугарески на денешната средба со Синдикатот на машинскиот персонал при МЖ Транспорт ад Скопје како и со генералниот директор на МЖ Транспорт АД Скопје во однос на прекинот со работа на дел од вработените во компанијата.

На средбата, стои во соопштението, се разговарало околу настанатата состојба со доцнење на платите како и за другите барања на Синдикатот при МЖ Транспорт Скопје.

– Министерот Сугарески изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најави дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за нивно решавање, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Македонија, се вели во соопштението.

Поради прекинот со работа на машинскиот персонал домашниот патнички и товарен железнички сообраќај од изутринава се одвива редуцирано. Во девет часот изутринава не тргна патничкиот воз на релацијата Скопје-Велес.

Душко Чакаровски, претставник на Машинскиот персонал, за МИА изјави дека неисполнувањето на работните обврски е во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и, како што тврди, нејзино селективно зголемување на дел од вработените. Преку протестот бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Чакаровски најави дека денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14:00 часот и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград.

– Доколку во меѓувреме не се постигне договор со раководството на компанијата и ресорното Министерство за транспорт и врски од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун, изјави Чакаровски.

Чакаровски истакнува дека зад прекинот на работата не стои синдикатот, туку претставници на целокупниот машински персонал.

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје го сочинуваат 90 машиновозачи и околу 50 помошници.

Слични написи

sugareski

Сугарески : Преку ЕУ обезбедени се пари за изградба на експресниот пат делница Дреново-Градско

Со средства од ИПА, во рамки на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 обезбедени се …