вторник , 24 октомври 2017
izrael1

Сули ан: Проекција на израелскиот филм „Израелска љубовна приказна“

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел во Македонија, денес, со почеток во 21:00 часот, ќе се прикаже филмот „Израелска љубовна приказна“ („Sipur Ahava Eretz-Israeli“ – Израел/САД/В. Британија).

Станува збор за историска драма во времетраење од 93 минути. Режијата е на  Ден Волмен а улогите ги играат  Ади Биелски, Авив Алуш, Алекс Енски,…

Филмот е награден со „Златен петел“ од публиката за главна женска улога на фестивалот „100 цветови“ во Кина (Кинески Оскар)

Според вистинска приказна: во 1947 година, 18-годишната Маргалит живее во северен Израел обожавајќи го театарот и сонувајќи да стане актерка. Во предвечерието на раѓањето на државата Израел, таа го среќава 24-годишниот Ели Бен Зви и се вљубува во него…

Филмот е снимен според истоимената автобиографска монодрама на Фина Гери, претстава која е дел и од актуелниот израелски театарски репертоар.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …