вторник , 26 септември 2017
Maskerano

Суспензија од две натпревари за Маскерано

Maskerano
Фудбалерот на Барселона Хавијер Маскерано е казнет со два натпревара неиграње поради црвениот картон што го заработи против Еибар, што значи дека тој ќе смее да настапи на дербито на Примера против Реал Мадрид на 21 ноември.

Маскерано беше исклучен во 83.минута, при резултат 2:1 за каталонскиот клуб, а во Барселона стравуваа од дрстична казна поради тоа што Аргентинецот влезе во вербален дуел со судијата на тој меч.

Останува Маскерано да ја одлежи казната против Хетафе и Виљареал. Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 ноември од 18 часот и 15 минути.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …