вторник , 26 септември 2017
hag-sud-tribunal-660x320

Сведокот на одбраната во процесот на Ратко Младиќ пронајден мртов во хотел во Хаг

hag-sud-tribunal-660x320Сведокот на одбраната во процесот на Ратко Младиќ во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, е пронајден вчера мртов во хотел во Хаг, соопшти Трибуналот.

Сведокот Душан Дуниќ требал да се јави вчера во судот, за да даде исказ. Телото му било откриено од вработен во хотелот, придружен од претставници на трибуналот. Тие веднаш повикале тим на брза помош, кој констатирал смрт.

Експертот по судска медицина Душан Дуниќ од Србија се јави во улога на сведок за неколку дела, разгледувани од Хашкиот трибунал.

Поранешниот воен командант на босанските српски сили Ратко Младиќ, кој 16 години се криеше од правосудството, беше уапсен во Србија на 26 мај 2011, а на 31 мај беше предаден на Хашкиот тибунал.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …