вторник , 24 октомври 2017
hasim taci

Тачи: Дијалогот со Белград наскоро ќе финишира со историски договор

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, тврди дека дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро ќе биде завршен со, како што вели, историски договор меѓу двете страни.

Тачи ова го изјави по враќањето од Брисел, каде во понеделникот, по речиси половина година, се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, со посредство на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини,

Во интервју за Еј-Би-Си њуз, чии делови пренесува приштинскиот весник „Газета експрес“, Тачи ги повика сите политички субјекти на Косово да се придружат во процесот на дијалог.

Тачи оцени дека е дојдено време „повторно да се отвори нова фаза од дијалогот на повиоко политичко ниво“, но и за посилен и позначаен дијалог што ќе води до целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, во интерес на луѓето од овие простори, но и „на добрососедските односи и помирувањето“.

Тој е уверен дека во Косово нема да има институционална криза по вонредните парламентарни избори од 11 јуни и изрази уверување дека новите институции ќе бидат формирани во законските рамки.

Тачи смета дека на Косово му треба стабилна мултиетничка влада со евроатлански дух.

– Ја гледам волјата на победничката коалиција (чиј кандидат за премиер е Рамуш Харадинај) во рекорден рок да ги воспостави новите институции, на што и се надевам, рече Тачи.

Зборувајќи за трансформацијата на Косовските безбедносни сили во косовска војска, Тачи очекува дека ова прашање ќе се реши до крајот на годината.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …