понеделник , 23 октомври 2017
menduh-taci

Тачи: Ќе бараеме консензуалното решавање во Македонија

Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва одржа предзиборен митинг со жителите на селото Челопек, општина Брвеница. Според претседателот на ДПА и носител на листата за пратеници од оваа партија за шестата изборна единица Мендух Тачи нивните политички противници ја направија оваа политичка кампања за предвремените парламентарни избори како цирку, а како што рече, станува збор за значаен настан што се случуваат еднаш на неколку години.

-ДУИ денеска најавија повторно дека ќе се залагаат албанскиот јазик да стане официјален но ние досега сме имале над 150 илјади најави за офиоцијализирање на албанскиот јазик во државата. За овие избори потребна е вистинска програма и платформа, а не циркус и нема друг пат за Албанците во Македонија освен платформата на ДПА затоа што срамота е да речеме дека по 26 години од повеќепартиско политичко организирање немаме вистински резултати во положбата на Албанците, рече Тачи.

Порача дека прва работа по изборите ќе биде воведувањето на консензуалното решавање во Македонија.

-И илјада партии да направиме, ако платформата ни биде дали ќе имаме зголмување за еден, два или три проценти за поголеми права ништо нема да направиме во вакви состојби во Македонија со уставното уредување. Затоа ние треба да се залагаме за исполнување на колективните барања на Албанците независно од нивната бројност како што тоа го имаат добиено Хрватите во Босна, Италијанците во Швајцарија или пак Фламанците во Белгија. Затоа ќе се залагаме и за еден заменик премиер Албанец ама да има право на консензуално решавање исто како и во Собранието, истакна Тачи.

Ако не се задржиме за ваквото решение, нагласи Тачи, многу брзо ќе дојдеме во состојбата како другите малцинства бошњачкото, турското, српското.

-Знам дека ова е тешка работа но тоа ќе се постигне доколку победиме на изборите затоа што кај ДУИ не ја разбираат оваа работа освен еден, а тоа Али Ахмети кој пак лаже, рече Тачи.

Тој ги повика жителите на Челопек да разговараат со своите блиски, роднини, пријатели и при тоа ништо да не прават освен што ќе ги прашате како живеат и какви се состојбите со патот, канализацијата, водата, со здравството, образованието, социјалата.

-Секаде ќе ви кажат дека е многу лошо. Е токму затоа треба да се гласа против Али Ахмети и ДУИ. Што треба да направат ЕУ и САД за да се покаже дека оваа влада е криминализирана и затоа што наша работа е да ги отстраниме од власта но само преку избори како што и Трамп само со гласовите од луѓето ги доби изборите во Америка и го затресе светот, рече Тачи.

Пред присутните на собирот на ДПА во Челопек зборуваат и генералниот секретар на оваа партија Азем Садику, партискиот потпретседател Бардиљ Даути и кандидатката за пратеничка во шестата изборна единица од Челопек Хирбије Зеќири.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …