вторник , 25 јули 2017
FB_IMG_1498646607659

Тафталиџе се крева на протести против урбаната мафија

На иницијатива на граѓаните од населба Тафталиџе е организиран собир на граѓаните од оваа наслеба со цел да се изрази револтот за масовното “урбанизирање” на нашата населба и општина и да се изнајде решение за тековните проблеми кои не опкружуваат.

FB_IMG_1498646637070

Собирот ќе биде оддржан на 28.06.17 (СРЕДА) на ул. “Варшавска 19” со почеток во 19:00 часот, веднаш до новооградениот простор каде на местото на некогашната барака,
сега е предвидено да никне ОСУМКАТНИЦА!

Целта на овој собир е организација на граѓаните од оваа населба за да се сопре масовниот замав на УРБАНАТА МАФИЈА во КАРПОШ, пред да биде ПРЕДОЦНА!

Во моментов на територијата на населба Тафталиџе 1 во изградба се НАД 25 ПОВЕЌЕКАТНИЦИ, без притоа да се земат во обзир релевантни фактори неопходни за неормално и непречено секојдневие на граѓаните на оваа населба!

Затоа Ве покануваме во СРЕДА да се приклучите на граѓанската иницијатива и да не дозволиме да се угушиме во бетонот во населбата во која ние сме растеле и ќе растат нашите деца!

СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА ВО КАРПОШ!
ЗА ИДНИНАТА СЕ РАБОТИ!

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …