четврток , 19 октомври 2017
tahiri

Тахири: Косово ќе добие повикувачки број на 15 декември

Косовската министерка за дијалог Едита Тахири изјави денеска на владината седница дека Косово ќе го добие повикувачкиот број +383 на 15 декември.

Според Тахири, Австрија во врска со тоа веќе поднела барање во име на Косово до Меѓународната унија за телекомуникации.

Министерката нагласи и дека со договорот за телекомуникации, кој неодамна е постигнат со Белград и Брисел, „завршиле активностите на незаконските телефонски оператори на Косово“.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …