вторник , 26 септември 2017
tajfata bogeto

“Тајфата” & Димитар Андоновски ја објавија новата песна „Седум дена, седум ноќи“

„Тајфата“ & Димитар Андоновски конечно ја објавија нивната прва и долгоочекувана песна со наслов – „Седум дена, седум ноќи“, за која снимија и видеозапис.

Имено станува збор за едно совршено музичко парче, позади кое се потпишува Лазар и Магдалена Цветковски.

Со оваа песна, Димитар и „Тајфата“ имаат намера на јавноста да и го претстават новиот музички правец, за кои тврдат дека ќе и се допадне на публиката.

– Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат – велат момците од бендот.
Инаку спотот е снимен во Охрид, а како режисер се потпишува „Веста продукција“.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …