вторник , 26 септември 2017
kunduz-kabul-540x320

Талибанците се повлекуваат од Кундуз

kunduz-kabul-540x320Талибанците соопштија дека се повлекуваат од стратешкиот авганистански град Кундуз, кој кратко време беше под нивна контрола.

Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид истакна дека талибанските борци се повлекуваат од Кундуз за да се избегнат уште цивилни жртви.

Вршителот на должност гувернер на Кундуз, Хандула Даниши изјави дека продавниците и пазарите во градот повторно се отворени и жителите излегуваат од своите домови. Тој додаде дека војниците вршат претреси во градот.

Талибанците го нападнаа Кундуз на 28 септември и три дена имаа контрола врз градот. Непознат е бројот на загинати повредени, но се оценува дека се стотици.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …