недела , 22 октомври 2017
Bogdan-Tanjevic-701x464

Тањевиќ поднесе оставка и објави крај на кариерата

Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора соопшти дека досегашниот селектор на репрезентацијата, Богдан Тањевиќ, се повлекол од функцијата и дека во исто време ја завршува тренерската кариера.

Тањевиќ оставката ја поднесе по враќањето во Црна Гора од Европското првенство, на кое репрезентацијата испадна во осмина-финалето од летонија.

„Посебна благодарност му должиме за неговата посветеност во последните три години, во кои даде голем придонес во поставувањето систем во тренерската организација, како и на резултатите кои ги постигна А тимот, но и помладите селекции. Со задоволство информираме дека Тањевиќ ќе остане на чело на тренерската организација и дека од оваа позиција ќе придонесува за понатамона афирмација на црногорската кошарка, како и на едукацијата на младите тренери“, се наведува во соопштението на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.

Инаку, Тањевиќ наследник на селекторската клупа гледа во Дејан Радоњиќ или Душко Ивановиќ.

Богдан Тањевиќ зад себе има импресивна кариера со титули во првенствата на поранешна Југославија, Италија, Франција и Турција. Тој е првиот тренер од поранешна Југославија кој ја освоил титулата во Купот на шампионите (со Босна во 1979).

Бил селектор на Италија и Турција, со Италија стана европски првак во 1999 година, а со Турција светски вицепрвак во 2010 година.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …