среда , 18 октомври 2017
taravari

Таравари: Доколку не станам градоначалник, ќе се збогувам со политиката

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека ќе се збогува со политиката доколку не успее да стане градоначалник на Гостивар. Тој рече дека Алијансата на Албанците морала да излезе со кандидат за градоначалник бидејќи не успеале да се договорат со помалите партии, а како најсоодветен за градоначалник на Гостивар партијата проценила дека е токму тој. Поради тоа, Таравари ќе се повлече од функцијата министер за здравство, но Алијансата ќе бара да го задржи ресорот здравство и ќе инсистира на првата седница по локалните избори да се назначи нов министер од истата партија.

Таравари до локаните избори ќе ја извршува функцијата министер за здравство, ќе доаѓа секое утро во Министерството, а работните обврски ќе ги подели со заменик-министерот и со државниот секретар.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.