вторник , 25 јули 2017
travari

Таравари најави разрешување на Директорот на Фондот за здравство оти не одел на работа

На директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски до крајот на неделава ќе му биде врачено разрешување.

Ова го изјавил  министерот за здравство Арбен Таравари за САКАМДАКАЖАМ.

Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.

Таравари ги потврди и неофицијалните информации дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …