недела , 24 септември 2017
frosina remenski

ТАШЕВСКА-РЕМЕНСКИ НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ РАБОТНИ СПОРОВИ

Во Охрид денеска ќе се одржи Регионалната конференција посветена на ефективните механизми за мирно решавање на работните спорови, на која ќе се обратат министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Антонио Грациози.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Учесници на конференцијата се претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора. Целта е размена на практични искуства меѓу земјите од регионот и од Европската Унија (Бугарија, Ирска, Романија, Унгарија) за воспоставување, организирање и функционирањето на механизмот.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …