вторник , 26 септември 2017
IMG_9653

Task Force од планот 3-6-9 врвен приоритет во борбата против трговија со луѓе

Денес, на иницијатива  на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија  а под покровителство на Канцаларијата на IOM-Скопје се одржа работилница за размена на искуствата  во воспоставувањето на Task Force за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти. Работилницата ќе се одвива во два дена и на истата ќе бидат споделени искуства и научени лекции од етаблирањето и функционирањето на  Task Force во Република Србија и Република Грција. На работилницата освеен делегацијата на Република Србија предводена од Заменик обвинителот  за организиран криминал и Шеф на  на Task Force – Драган Цесто, делегацијата на министерството за внатрешни работи на Република Грција, учествуваа и вработени во Министерството за внатрешни работи и делегација од Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал на Република Македонија . Работилницата ја отвори Националниот координатор за трговија со луѓе и илегална миграција и државен секретар на МВР, М-р Магдалена Несторовска која истакна дека, формирањето на TASK FORCE не е нова идеа, меѓутоа е идеа на која  и  се дава врвен приоритет. Доказ за тоа е  што формирањето на TASK FORCE е предвидено во два стратешки документи  на РМ, и тоа во Планот на Владата 3-6-9 и во Националната стратегија  за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Заедничкиот пристап во справување со предизвиците од мигранската криза, кои го применија сите земји на Западно балканската рута,  во претходниот период, се наметна како услов за понатамошно успешно справување и со трговијата со луѓе и криумчарењето со луѓе. Денес сите ние сме свесни дека ниедна од овие земји нема да има успех во справување со трговијата со луѓе и криумчарењето со луѓе ако  не изградиме ефикасни служби кои координирано ке делуваат и кои ке ги споделуваат своите  искуства и модели кои се покажале како успешни во нивните земји. Таа се заблагодари на делегациитте од Република Србија  заради спремноста да присуствуваат на оваа работилница и да ги поделат своите искуства за моделот на  Task Force кој функционира во нивната земја.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …