понеделник , 21 август 2017
katastar

Татјана Ценова-Митревска е избрана за член на Бирото за земјишна администрација на ОН

Државниот советник за меѓународни активности во Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија Татјана Ценова-Митревска е избрана за член на новото Биро на работната група за земјишна администрација (WPLA) на Економската комисија на Европа при Обединетите нации (UNESCE).

Агенцијата за катастар на недвижности првпат добива висок претставник во органите на управување на некоја интернационална организација која се занимава со земјишна администрација, а е под покровителство на Обединетите нации.

Ценова-Митревска е избрана на 10. сесија на работната група за земјишна администрација што се одржа на 8. и 9. месецов во Женева. Сесијата се однесуваше на меѓународната размена на знаења од областа на земјишната администрација и менаџментот со недвижности.

На 10. сесија се дискутираше како UNESCE ќе може со својата работа да придонесе да се подобри управувањето со земјиштето во регионот, за потребите и приоритетите на земјишната администрација во UNESCE-регионот како поддршка на агендата 2030 и новата урбана агенда на Обединетите нации.

Во UNESCE членуваат 56 држави од Европа, Северна Америка и Азија, како и повеќе од 70 интернационални професионални организации и останати невладини организации. Својата работа ја извршува преку работната група за земјишна администрација (WPLA) и комитетот за домување и менаџмент на земјиште.

Главна цел на овие тела е да се промовира енергетски, ефикасно и адекватно домување на целата популација, особено на социјално ранливите групи и лицата со посебни потреби, развој на одржливите или т.н паметни градови (smart city), како и транспарентна и ефикасна употреба на земјиштето и брза и ефикасна регистрација на земјиштето.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …