недела , 22 октомври 2017
perenje-pari

Тефтер со должници разоткрил двајца лихвари во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Т. (39) и З.А. (43) од Прилеп, поради „лихварство“, предвидено и казниво по член 260 од Кривичниот законик и против прилепчаните Г.С. (46) и Е.А. (37) за помагање.

Ј.Т. и З.А. во периодот од 2012 до денес на лица кои се наоѓале во тешка материјална состојба им давале пари на заем со високи камати. Парите им ги давале по претходно склучени договори кои содржеле и спогодба за обезбедување на пренос на сопственост на недвижен имот. Договорите содржеле лажни податоци за да бидат присилени оштетените да плаќаат високи камати. Е.А. посредувал помеѓу оштетените и Ј.Т.  за одреден надомест. При потпишување на договорите кај адвокат, без да знаат за висината на каматата, оштетените доставувале имотен лист и како залог ја ставале својата куќа. Парите им биле исплаќани, а на Е.А. му била исплаќана сумата за извршеното посредство за заемот, информира полицијата.

По извршените проверки кај нотари, било утврдено дека биле извршени заверки на потврдување на спогодба за обезбедување со пренос на сопственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците. По неисполнување на условите, биле изготвувани договори за пренос на соственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците.

З.А. се стекнал со сопственост на една куќа и возило „БМВ“, со давање пари на заем со високи камати. На 21 април 2015 година, со судска наредба, бил извршен претрес во деловни простории на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, со истакната реклама за менувачко работење, кои што ги користел З.А.. При претресот биле пронајдени и одземени 8.980 евра, различен накит, посебно спакуван во помали кутии со впишан износ на парични средства, имиња и датум на прием на истите. Исто така, бил пронајден и одземен тефтер со прирачна евиденција во која имало податоци за дневно работење, продавање на девизни средства од 18.10.2013 до 21.04.2015 година, а за која постојат основи на сомненение дека податоците се во врска со лихварство.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …