вторник , 24 октомври 2017
sibil

Техада: Се надевам дека Собранието ќе го реши прашањето за формирање влада

„Се надевам дека Собранието ќе го реши наскоро ова прашање кое требаше и досега да биде затворено. Сепак, подобро е да се реши, отколку да остане отворено“, одговори на новинарско прашање швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, на завршниот настан на програмата „Форуми во заедницата“.

Програмата „Форуми во заедницата“ е модел за вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки од локалната самоуправа и има цел да го поддржи процесот на децентрализација во Македонија.

Граѓаните, на овој начин, имаат можност да го подобрат секојдневниот живот со сопствени идеи и со учество, а администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …