вторник , 26 септември 2017
bolnica-gevgelija_2

Телма: Втор смртен случај во болницата во Гевгелија

bolnica-gevgelija_2
Втор смртен случај во болницата во Гевгелија. Утрово околу 3.30 почина 14 годишно девојче од Миравци.

Девојчето најпрво било однесено во волницата во Валандово па префрлено во Гевгелија.

Семејството обвинува дека девојчето починало поради неажурност на персоналот во гевгелиската болница бидејќи откако виделе дека сосотојбата е критична веднаш не ја испратиле за Скопје.

Според роднините на девојчето тоа починало додека го чекало болничкото возило кое како што изјвија за Телма доцнело цел час. Од гевгелиската болница, пак, велат дека направиле се’ за да го спасат девојчето.

Телото на девојчето е дадено на обдукција во Скопје.

Извор: Телма

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …