четврток , 19 октомври 2017
filip

Темелковски : Културата како препознатлив белег на Кисела Вода

Иако Општината Кисела Вода во изминатите четири години беше водена од културен работник ние културно назадувавме. За таа цел во нашата програма предвидуваме инфраструктурни проекти и проекти кои ќе ја стават културата како претпознатлив белег на нашата Општина Кисела Вода.
Прво, планираме доградба и довршување на изградбата на домот за културата во село Драчево. Заедно со соодветни простории за најстарото културно уметничко друштво Китка.
Како општина ќе се залагаме за целосна промоција на културата за сите од 7 до 77 години. Затоа во нашите културни домови ќе организираме изложби, театарски претстави, претстави за најмладите но и за нашите пензионери. Дополнително на територија на општина Кисела Вода има археолошки локалитети. Ние соодветно ќе ги промовираме како помеѓу граѓаните на Општина кисела вода така и на целата територија на Република Македонија.
Почитувани сограѓани културата мора да ја издигнеме на највисоко ниво имаме и соодветна промоција на нашата Oпштина Kисела Вода.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.