недела , 22 октомври 2017
filip

Темелковски : Спортот ќе заживее во Кисела Вода после долги години

Општина Кисела Вода, општина која ги има дадено најголемите спортски легенди, како Дарко Панчев и Петар Наумовски, спадна на општина без ниту еден професионален тим. Затоа, на овие локални избори, излегуваме со конкретна програма како да го вратиме спортот во општината.
Ќе почнеме уште од најмладите со воведување на физичко образование уште од најраните училишни денови. Дополнително, ќе ги реновираме сите училишни сали на територија на Општина Кисела Вода, и ќе изградиме нови во училиштата во кои што ги нема.
Заедно со Градот Скопје и идниот Градоначалник Петре Шилегов, ќе го возобновиме училишниот спорт и ќе го користиме за промоција и на спортот и на нашите општини. Вакви сцени на празни стадиони и напуштени сали ќе бидат минато во Општината. Затоа ќе се реновираат и салите и стадионите.
За крај, ќе ја промовираме максимално мерката на Владата за даночно олеснување на фирмите кои инвестираат во спортот.
Филип Темелковски, Кандидат за Градоначалник на Кисела Вода
ЖИВОТ ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА СИТЕ!

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …