вторник , 27 јуни 2017
теон џинго 1

Теон Џинго, рецезент на книгата за Јордан Мијалков учесник во насилното влегување во Собранието на 27 април

Доц.Д-р Теон Џинго, вработен во Институтот за историја, со звање вонреден професор  е дел од насилниците кои го извршија упадот во Собранието на Република Македонија, на 27 април.

Името на Џинго почна да се споменува во јавноста по објавувањето на книгата за поранешниот министер за внатрешни работи, Јордан Мијалков, татко на братучедот на Никола Груевски и поранешен шеф на УБК, Сашо Мијалков.

“Теон Џинго кој во книгата се појавува како трет рецезент, не жалел епитети, хиперболи и други тешки думи ниту за Мијалков, ниту за неговиот хроничар Ристовски: “Постои ли нешто повозвишено и поискрено од тоа кога еден вистински патриот ќе напише книга за друг вистински патриот?”- се прашува егзалтирано магистер Џинго. Нетипично за една научна рецензија, Џинго му се обраќа на читетелот и вака: “И никогаш НЕМОЈ да заборавиш дека крвта пролеана за слободата на Македонија тече во моите, во твоите, во нашите вени и ни дава поттик да успееме да се воздигнеме над сите наши негатори!” се вели во текстот на новинарот Жарко Јордановски објавен во ФОКУС со наслов “ОД ЈОРДАН МИЈАЛКОВ ПРАВАТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ЗА СИНОТ САШО ДА ГЛУМИ ГОЛЕМ ПАТРИОТ

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …