понеделник , 23 октомври 2017
Tetovo-policija.jpg

Тепачка во охридскиот клуб „Кадмо“

Tetovo-policija.jpgВо полициската станица во Охрид, Ј.Ф. (1990) пријавила дека во 2 часот по полноќ во „Кадмо“, на истоимената плажа, додека била во објектот со К.Р. и со Д.Ј. од Охрид и со Т.Н од селото Љубаништа, Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле две непознати лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“, го фатиле за кошула и го извлекле надвор.

Веднаш потоа неколку лица физички го нападнале К.Р., удирајќи го со раце и со нозе во пределот на главата и по телото, а исто така насилно и неа ја исфрлиле надвор од објектот. Потоа со возило што го управувала Д.Ј., а во кое К.Р. паднал во безсознание, се префрлени во Медицинскиот центар во Охрид.

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …