вторник , 26 септември 2017
tereza-mej-540x320

Тереза Меј : Високата миграција е лоша за кохезијата во општетството

tereza-mej-540x320Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј изјави денеска дека „високата миграција е лоша за општествената кохезија“, па затоа Велика Британија мора да се справи со се уште високиот наплив на мигранти.

Последните податоци за миграционите движења во земјата, покажуваат дека нето-миграцијата (по пресметувањето на оние кои пристигнале и оние кои си заминале) изнесува 330 илјади лица, што е највисока бројка откако се регистрира приливот и одливот на мигранти во земјата.

„На Велика Британија не и е потребна миграција на сегашното ниво„- рече Меј на есенската конференција на Конзервативната партија во Манчестер.

Министерката вели дека има разбирање за желбата на луѓето- мигранти за подобар живот, но дека постои лимит за нивото на мигрантите што Британија може да ги прими кај себе.

Меј вели дека контрола мора да има и најави дека таа уште повеќе ќе се зацврсне, затоа што во услови на висока миграција, како сегашната во земјата, Британија не може да гради кохезионо општетство.

Таквата позиција, шефот на Хоум Офисот ја објаснува со проблемите што се јавуваат во школството и во здравството, како и во секторот на домувањето и транспортот.

Владата претходно го призна неуспехот со  ветувањето дадено пред пет години, по првата победа на парламентарните избори во мај 2010 година, дека нето миграцијата ќе ја намали на 100 илјади годипно, или на ниво нешто повисоко од она во последните години од владата на Маргарет Тачер.

Владините министри, за рекордно високата нето миграција, пред се, ги обвинуваат мигрантите од земјите членки на ЕУ, најмногу од поранешните комунистички источноевропски држави, но признаваат дека и понатаму расте миграцијата од земјите надвор од Унијата.

До август оваа година, во Британија имало 183 илјади имигранти од ЕУ, или за 53 илјади повеќе од лани.Во истиот овој период, од земјите кои е се членки на ЕУ, имало 196 илјади мигранти, што е 39 илјади повеќе од претходната година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …