вторник , 26 септември 2017
slavenko-terzic-540x320

Терзиќ: Проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот опасно за сите земји

slavenko-terzic-540x320Српскиот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ го оцени како „крајно актуелно“ прашањето за проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот заедно со приливот на имигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, јави ТАСС.

Терзиќ истакна дека илегалните имигранти се голем тест за Европа и за целиот свет, а Србија е непосредна жртва на бегалскиот бран.

Тој истакна дека во последните четири месеци во Србија пристигнале 200.000 имигранти, кои претставуваат „социјално-економски предизвик“, со кој Белград не може да се справи сам.

– Прашањето треба да се реши на европско ниво. Унгарија постави ограда, а откако и Хрватска ја затвори границата, во Србија се појавија економски потешкотии. Прашањето со имигрантите треба да се реши итно и со заеднички напори, рече амбасадорот.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …