вторник , 26 септември 2017
tesla car

Тесла претстави систем на самоуправување

tesla car
Американската компанија за производство на електрични автомобили „Тесла“ претстави систем за самоуправување, што овозможува возилото самостојно да менува ленти за движење.

Новиот систем ќе биде достапен за некои седани на Моделот С и новиот СУВ Модел Х со модернизирање на софтверот на возилата.

Слично на други системи за самоуправување авто-пилотот на Тесла самостојно ќе го задржи возилото во лентата на движење и ќе внимава на растојанието од возилото пред него. Системот ќе може да наоѓа паркинг и да паркира паралелно, а ќе користи систем на камери и сензори за предупредување на возачот од евентуални опасност.

Раководителот на Тесла Илон Маск сепак предупреди дека засега возачот ќе треба да ги држи рацете на управувачот, бидејќи системот во пракса е во тест период.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …