среда , 26 јули 2017
teteks

Тетекс постави ултиматум: Или ќе играме на „Градскиот стадион“ во Тетово или се откажуваме од Втора лига

Фудбалскиот клуб Тетекс се наоѓа во турбулентнен период. Има финансиски проблеми да најде спонзори за да се врати на старите патеки, а воедно не знае и каде ќе игра следната сезона.
Минатата натпреварувачка година „текстилците“ играа на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт во Тетово, но клубот сака да се врати во својот дом, а тоа е „Градскиот стадион“ во Тетово, каде играл со децении.
Раководството на клубот испратило ултиматум до градските власти во Тетово и Фудбалската федерација на Македонија со барање Тетекс да може да ги игра своите натпревари на „Градски“, а доколку не му биде дозволено, тогаш ќе ја бојкотира Втората лига.
Како што велат од клубот повеќе не постои правилото, според кое на еден стадион можеше да се игра само еден натпревар неделно, што значи дека на стадионот во Тетово ќе може да се одигруваат по два натпревари во еден викенд, како што беше тоа случај во минатото. Тетекс бара рамноправен третман како и прволигашите Шкендија и Ренова.
Клубот веќе обезбедил дел од потребните средства за натпреварување во Втората лига, а подгтовките за новата сезона започнуваат на 12 јули.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …