сабота , 21 октомври 2017
Albania-Map-701x395

Тирана: Нема бугарско малцинство во Албанија

Официјална Тирана со предлог законот за „Заштита на малцинствата во Албанија“, кој е подготвен од страна на Владата, како малцинства ги признава Македонсците, Грците, Власите, Црногорците, Србите, Бошаците и Египќаните.

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати преставувајќи го предлог законот во собраниските комисии истакна дека во согласност со препораките на Европската унија (ЕУ), Албанија го носи овој значаен закон со кој се регулираат сите права кои им следат на малцинствата .

Тој потенцира дека со овој закон ќе се регулира и употребата на јазикот на малцинтвата во администрацијата.

Усвојувањето на овој закон во Собранието на Албанија е еден од приоритетните закони што ги бара ЕУ од официјална Тирана .

Во проект законот не постои бугарско малционство во Албанија, што е поздравено од страна на Македонското малцинство во Албанија.

Здруженијата на Македонците во Албанија постојано реагираа на одредени појави потикнати од одредени групации дека во делови на Албанија живее и бугарско малцинство, со тврдењата дека во Албанија нема бугарско малцинство.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …