среда , 18 октомври 2017
cakalosmik-620x320

„То Вима“: Денеска ќе се одреди судбината на договорот меѓу Грција и кредиторите

cakalosmik-620x320Денеска претпладне треба да се одржи средба на грчките министри за финансии и економија со делегатите на институциите која се смета како многу одлучувачки чекор кон постигнување договор.

Според „То Вима“, министрите Еуклид Цакалотос и Јоргос Статакис ќе ја преразгледаат првата серија на прашања кои мора да се затворат за една недела, за да може да се премине на следните. Главни прашања кои треба да се решат што е можно побрзо се нефункционалните кредити, рекапитализација на банките и приватизацијата.

Исходот од денешниот состанок, кој набргу треба да почне, ќе покаже дали е можно за двете страни да постигнат договор до 20 август, коментира весникот.

Покрај оваа средба, делегатите на Европската комисија, Европската централна банка, Европскиот механизам за стабилност и Меѓународниот монетарен фонд попладне ќе имаат состанок и со претставници на Владата на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за минималниот гарантиран приход.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …