вторник , 26 септември 2017
toniBlerrr (1)

Тони Блер се извини за грешките во војната во Ирак и за успонот на ИД

toniBlerrr (1)Поранешниот британски премиер Тони Блер се извини за грешките што во коалицијата со САД ги направиле во текот на војната во Ирак во 2003 година и призна делумна одговорност за „успонот на терористичката организација Исламска држава (ИД)“, и нагласи дека не жали за соборувањето од власта на диктаророт Садам Хусеин.

-Има елементи вистина во тврдењата дека војната во Ирак го предизвика појавувањето на ИД…,оние меѓу нас, кои го отстранија Садам (Хусеин), имаат дел од одговорноста за ситуацијата во Ирак денеска, наведе Блер, а пренесе британски Би-Би- Си.

Во интервју за американскиот ТВ канал за вести Си-Ен-Ен, Блер се извини за „некои грешки во планирањето“, како и „за грешки во нивното разбирање на тоа што ќе се случи кога ќе биде остранет диктаторскиот режим“, но и нагласи дека „тешко може да се извини за отстранувањето на Садам Хусеин, бидејќи Ирак во спротивно ќе станеше тоа што денеска е Сирија“.

На прашањето дали војната беше главната причина за успонот на ИД, Блер одговори „мислам дека постојат елементи вистина во тоа“.

-Денешен Ирак и натаму е под силен притисок на секташките тензии и се бори со заканата од ИД, сунитските екстремистички групи кои го наметнаа своето брутално владеење во значителен дел од северот и западот на земјата, рече Блер за Си-Ен-Ен.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …