четврток , 19 октомври 2017
kukoc

Тони Кукоч се врати во Чикаго Булс

kukoc
Поранешниот хрватски репрезентативец и играч на НБА тимот Чикаго Булс, Тони Кукоч, се врати во клубот за да му биде советник на претседателот Мајкл Рејнсдорф.

Една од задачите на Кукоч ќе биде да го промовира клубот низ светот. Тој за Булс играше 0д 1993 до 2000 г. Заедно со легендарните Мајкл Џордан и Скоти Пипен

– Возбуден сум и чест ми е да бидам дел од екипата којашто ми ја дефинираше кариерата овде во САД. Булс станаа мое семејство и навистина се радувам за тоа што следува, изјави Хрватот.

Тони Кукоч 13. Сезони играше во НБА од кои седум за Чикаго Булс, беше прогласен за најдобар шести играч во 1996 г., а во наредните три години освои три шампионски титули со клубот.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …