вторник , 26 септември 2017
fotkata

Топ сикрет: ПАСКАЛ 2, ГРАДОНАЧАЛНИК

fotkata
Се сеќавате ли на „Патриотскиот говор на Градоначалникот на Општина Прилеп Г-нот Марјан Ристески, пред Кампот за поддршка на Владата на РМ поставен пред Собранието на РМ во во кој Градоначалникот буквално даде детален опис на настанот во 2001 година а не изостави да ја потенцира и сопствената психичка подготвеност да излезе во пресрет на основните барања на државата од сопствените граѓани во заштита на нејзиниот интегритет.
 Да се потсетиме……

Градоначалник!, да те цитирам „Во 2000/01 година година кога настана првиот конфликт, значи без размислување ја ставив униформата на Армијата на РМ, на нашата армија, на нашата Македонија, и без никаков страв значи, без ронка сомневање во сето, заминав да ја бранам татковината заедно со големиот број бранители и од Прилеп и од цела Македонија…

     Зошто лажеш бе градоначалник?

     По завршување на воениот конфликт во 2001 година и после масакрот кај Карпалак кој се случи на 8 август 2001 година во 9:30 часот на автопатот Скопје – Тетово откако армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што беа убиени 10 припадници на резервниот состав на АРМ,  голем број од воените резервисти меѓу кои и актуелниот Градоначалник на Град Прилеп Г-нот Марјан Ристески пред Основен суд Прилеп со тужба поведоа постапка против РМ-АРМ и РМ со правен основ „Надомест на нематеријална штета“ која во себе вклучува „Претрпен страв и претрпени душевни болки заради намалена животна активност“, со која Градоначалникот побарува износ од 3.100.000,00 денари.

Заради утврдување на постоењето на нематеријална штета е извршено неуропсихијатриско вештачење врз сите тужители, вклучувајќи го и актуелниот Градоначалник на Град Прилеп Г-нот Марјан Ристески и истото е сторено од страна на ЈЗО Клинички центар Скопје-Клиника за неврологија Скопје од страна на четири стручни профили при Медицинскиот факултет Скопје. Преку она што го сведочат списите на предметот во кој се содржани непобитните докази врз основа на кои Градоначалникот на Град Прилеп Г-нот Марјан Ристески го остварил своето право на паричен надомест на име нематеријална штета и од државата која пожртвувано и без тронка сомнеж во себе како што самиот тврди во својот говор пред Собранието на РМ. ја бранел од непријателот, неспорно може да се заклучи дека позади митот на пожртвуваност и хероизам, всушност стои ликот на исплашен човек кој страда од пост-трауматско растројство кое како што може да се потврди од медицинската документација, прибегнува кон користење на алкохол, цигари и лекарства за смирување како начин за бегство од реалноста во која според наводите од психијатриското вештачење „Тужителите живеат со своето доживеано, неспособни да се вратат во нормалните токови на животот барајќи помош во седативите, алкохолот и цигарите“ – дијагноза потврдена од Проф. Д-р Вера Петрова, Проф. Д-р вера Даскалова, Проф. Д-р Михаил Пасху и Проф. Д-р Анте Поповски, сите експерти во својата област при Медицинскиот факултет Скопје.

Врз основа на така изведените докази и др.докази со назнака строго доверливо, од распит на тужителите, Основниот суд во Прилеп донел Пресуда П бр.804/2001 од 02.10.2003 год.со која делумно го уважил тужбеното барање на тужителите меѓу кои и на тужителот Марјан Ристески, па го задолжил тужениот Р.Македонија на име нематеријална штета, да му исплати на актуелниот Градоначалник на Град Прилеп Г-нот Марјан Ристески  износ од 150.000,00 денари за претрпен страв и износ од 60.000,00 денари за претрпени душевни болки заради намалена животна активност, или по двата основи вкупен износ од 210.000,00 денари со камата сметано од 26.10.2001 год. до конечната исплата.
Се сеќаваш ли на Здружението на воени резервни обврзници Градоначалник и на споменикот Карпалак?.  Она ЗВРО кое до максимум го злоупотреби преку твоите гавази, го заглави и презадолжи за потоа со својот фронт на резевни обврзници си го формираш новото здружение како репрезент на луѓето кои ја бранеле оваа држава од непријателот, и оној споменик од 600.000,00 евра посветен на загинатите од 2001 год. Тоа Градоначалник ќе биде новата тема на обработка на ПАСКАЛ 2.

Си ја наплати ли од државата која ја сакаш, штетата за твојот страв, Градоначалниче?
Среќен ден на Мaкедонската револуционерна борба, Градоначалник.
Твојот: ПАСКАЛ

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …