вторник , 26 септември 2017
Ѓорѓи Спасов
Ѓорѓи Спасов

Тортура и Тинтрање

Се сеќавате ли на каква садистичка, полициско медиумска и судска тортура беше изложен Љубе Бошковски само заради сомневање дека нелегално ја финансирал неговата изборна кампања со земени 20тина илјади евра од некој полициски провокатор.

Беше брутално апсен на јавно место со пиштол во уста.

Телевизиите кои се насладуваа на тој чин го сатанизираа како криминалец и предавник уште пред да му биде докажано било што.

Полицијата и обвинителството на Зврлевски им ги дадоа снимките од посебните истражни мерки на телевизиите за да докажуваат дека добивал пари за да го продаде името.
Уште пред да биде осуден сите знаеа дека ќе биде осуден на пет години затвор.
Тоа се случи со користење на заштитен сведок за кој се дозна дека бил полициски провокатор и Љубе ги одлежа тие пет години до последен ден.

За време на затвотот му судеа и го осудуваа и за клевета па беше принуден јавно да им се извинува на Мијалков и на Груевски за да не му биде конфискуван имотот.
Сето тоа што му се случуваше на Бошковски беше дело на бандата на Груевски која во истиот период со украдени милиони евра ги финансирала своите изборни кампањи и се боготела без усул.

Денес СЈО ,кое тие го прогласуваат за пристрасна институција и не фер, објавува информации за направен криминал од нивна страна со планетарни димензии и за нелегално финансирање на изборните кампањи на Груевски во висина од милиони евра. А не им се споменуваат имињата,не се бара притвор, ниту одземање на пасошите.

Се почитува презумцијата за нивната невинот.
За жал.Љуби и многумина ја немаа таа привилегија за време на нивниот монструозен режим.
Ако случајот на Љубе стана познат под Тортура овој случај за сега може да се нарече Тинтрање.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …