недела , 20 август 2017
суд

Трамп го предложи судијата Нил Горсач за испразнетото место во Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи судијата Нил Горсач за испразнетото девето место во Врховниот суд на САД, зголемувајќи го влијанието на конзервативизмот во институцијата, која се произнесува за најважните прашања во американското општество, пренесува БТА.

– Судијата Горсач поседува исклучителни правни квалитети, брилијантен ум и неверојатна дисциплина, рече Трамп.

Тој посочи дека судијата Горсач има несомнени квалификации и додаде дека судијата ја имал поддршката и на двете партии на претходните назначувања.

– Сакам да изразам благодарност кон моето семејство, пријателите и верата, рече 49-годишниот Горсач, кој моментално е судија во федералниот Апелациски суд во Денвер, во сојузната држава Колорадо.

Тој истакна дека се чувствува почестен од ваквата можност и оти е мошне смирен.

Судиите во Врховниот суд се назначуваат доживотно. Тие се предлагаат од претседателот, а потоа се утврдуваат од Сенатот. По смртта на судијата Антонин Скалија во февруари минатата година Врховниот суд работи во осумчлен состав.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …